Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека градот Вашингтон е „сосема поинакво место“ отколку што беше пред една година, нагласувајќи дека ќе остане така и дека разликата ја прави „добрата влада“.
„Нема шатори, тревниците и парковите се уредени, улиците се чисти и нема банди или злобни криминалци. Градот е прекрасен и безбеден и ќе остане таков!“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Во истата објава, тој ги покани Американците да го посетат градот Вашингтон и „да уживаат во создавањето историја“.
Трамп: Вашингтон е сосема поинакво место отколку што беше пред една година