Свет

Трамп вели дека го откажал новиот напад врз Иран по барање на земјите од Заливот

Трамп вели дека го откажал новиот напад врз Иран по барање на земјите од Заливот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се откажал од планираниот воен напад врз Иран, кој требало да се изврши во вторник, по барање на земјите од Персискиот Залив, бидејќи „во тек се сериозни преговори“.

Во објава на платформата Truth Social, Трамп напиша дека бил замолен да го стопира нападот од лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Тој додаде дека бил информиран оти ќе биде постигнат договор кој е „многу прифатлив“ за САД, нагласувајќи дека „ИРАН НЕ СМЕЕ ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ!“

Сепак, Трамп предупреди дека американската војска е подготвена „во секој момент да започне целосен и голем напад врз Иран“ доколку не се постигне прифатлив договор.

Иран засега јавно не ја коментирал најновата изјава на Трамп.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни