Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека детално ќе се запознае со случајот за наводното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казненото одделение на московската полиција, јави „Еј-Би-Си Њуз“.
Телевизијата на својот на Твитер налог објави краток фрагмент од интервју со Трамп во кој претседателот укажува дека дознал за случајот.
-Слушнав за тоа. Ова е најново, не знам (конкретно) за тоа, но ќе се запознаам, изјави Трамп.
Навални во неделата наутро од казненото оделение на московската полиција беше однесен в болница откако се појавија симптоми на алергиска реакција, за што подоцна лекарите утврдија дека е остра форма на сипаници со подуеност на вратот и лицето.
Навалани тврди дека никогаш не страдал од алергија. Смета дека најверојато е отруен од страна на полицајци во казненото одделение, но не исклучува и можност тоа да го сториле непознати лица со пристап во ќелијата.
Навални се наоѓа во 30-дневен притвор по обвинене за повторно прекршување на правилата за јавни собири. Тој е обвинет за повикување митинг пред зградата на Градското собраниe на Москва за протест поради блокада на регистрацијата за учество на независните кандидати на изборите за во градското собрание на Москва.
