Македонија во 2019та бележи пад од 13 места на ранг листата на Индексот на перцепција на корупција и сега се наоѓа на многу ниско 106 место од 180 рангирани држави. Ова го покажува најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл на глобално ниво.
Според претседателката на ТИ Македонија овој податок е загрижувачки и ја враќа земјава на нивото пред изборите и пред промената на власта во 2016 година.
“Оваа година резултатот е во знакот на заробена држава, високото ниво на политичката корупција, недоволна транспарентност во работата на јавниот сектор. Назадувања има во сите индикатори, што покажува дека политиката има силни влијанија врз бизнисот и останататите сектори” посочи Слаѓана Тасева, претседател на ТИ Македонија
Деспина Тодоровска