Македонија

Трансплатација на кожа и PRP третман за ублажување на лузните кај повредените по трагедијата во Кочани

Трансплатација на кожа и PRP третман за ублажување на лузните кај повредените по трагедијата во Кочани

Повеќе од два месеци по трагедијата во дискотеката во Кочани – закрепнувањето на повредените се одвива според планот.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, кај десетина пациенти била извршена трансплантација на кожа, а потоа и PRP третман за ублажување на лузните.

Докторката Тодоровска Шапова вели дека закрепнувањето оди добро и оти за петтемина пациенти што сè уште се лекуваат во странство, по враќањето ќе биде обезбеден продолжен третман во земјава.

Во тек е и ревизија наложена од Министерството за здравство – седуммина специјалисти ја оценуваат ефикасноста на досегашното лекување и ќе утврдат дали е потребна дополнителна медицинска интервенција.

Поврзана објава„Се избегнува да се зборува за трагедијата, но ја поддржувам иницијативата „Кочани 2030“, вели Иван Ивановски од Support Kocani Поврзана објаваНајтажна Духовденска Задушница во Кочани – сеќавање, тишина и жед за правда!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни