Главната царинска служба на Кинеската Народна Република објави синоќа податоци за трговијата со САД според кои трговската размена меѓу двете земји од почетокот на годинава заклучно со крајот на септември се намалила за 14,8 отсто, до вредност од 402,66 милијарди долари.
Официјален претствник на кинеската царинска служба истакна дека за време на последните трговски преговори кои минатата недела се одржаа во Вашингтон, бил постигнат прогрес.
– На повторната рунда кинеско-американски трговско-економски преговори успеавме да постигниме реален прогрес во некои правци, изјави претставникот.
