Три едноставни појадоци за подобро варење

За сите вас кои немате многу време наутро да подготвите здрав појадок, нудиме три едноставни и брзи рецепти за оброци кои благотворно делуваат на вашето тело, особено на органите за варење.

Претходно подготвена овесна каша со боровинки

Се вчитува...

Овесната каша е вистинска ризница на влакна, кои се познати по позитивното влијание на варењето.

Ако ја подготвите со пробиотски јогурт, јаткасти плодови и овошје, кашата ќе ви биде уште поздрава, но и повкусна, пренесува магазинот Сити.

Подготовка:

Во сад измешајте шолја јогурт, половина шолја млеко, две лажици шеќер и прстофат сол и цимет.

Потоа додадете уште една шолја овесна каша, половина шолја бадеми и четвртина шолја кокосово брашно.

На крајот, лесно измешајте уште две чаши боровинки. Оставете сè во фрижидер преку ноќ и ќе го подготвите појадокот наутро.

Здраво смути за подобро варење

Еден од најбрзите појадок е несомнено смути. Добрата вест е што во неговата подготовка можете да користите и состојки кои благотворно делуваат на варењето.

Изберете храна која е богата со растителни влакна, а се препорачува да измешате неколку лажици пробиотик јогурт.

Подготовка:

Во блендер измешајте банани, јагоди, грчки јогурт, овесна каша, путер од кикирики и мед.

Ако не ви се допаѓа некоја состојка, заменете ја, но задолжително заменете ја со храна која исто така добро влијае на варењето.

Солена смеса со јогурт

Веројатно до сега веќе знаете дека јогуртот е одлична намирница која може да се користи во подготовката на многу вкусни оброци, а особено е добар и за варење.

Од јогурт можете да направите и одлична солена смеса, идеална за консумирање наутро.

Подготовка:

Прво додадете неколку лажици сок од лимон во јогуртот, сол и бибер по вкус и сечканите билки по ваш избор.

Смесата ставете ја во сад и во неа ставете солена храна по ваш избор, пишува Активни.си.

Комбинирани идеи:

Пушен лосос, црвен пипер и магдонос;

Печен карфиол, наут и пипер;

Пиперки, црн грав и пченка.