Свет

Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција

Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција

Венецијанското обвинителство стави три лица под истрага за минатонеделната автобуска несреќа во градската област Местре, во која загинаа 21 лице, меѓу кои и еден хрватски државјанин, објави во четвртокот локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија „Ла Лине“ и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за транспорт и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

Дваесет и едно лице загина, а околу дваесет се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил.

Во несреќата загинаа еден Хрват, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и еден италијански возач на автобус.

Меѓу повредените е и еден Хрват.

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни