Македонија

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор за семејно насилство од вкупно седум пријави во последното деноноќие

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор за семејно насилство од вкупно седум пријави во последното деноноќие

На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р..

На 27.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека на 25.05.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Центар со остар предмет бил нападнат од неговата сопруга С.С. со која биле во бракоразводна постапка.

На 27.05.2026 во 22:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Ж.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга.

На 27.05.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 64-годишник од Прилеп пријавил дека во дворот од неговата семејната куќа бил физички нападнат од неговиот внук од брат.

Ноќеска (28.05.2026) во 00:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Т.Д.(38) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.05.2026 околу 23:20 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите татко, брат и снаа. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 27.05.2026 во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека околу 14:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг К.А.(37) од Охрид. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со пријавениот.

На 27.05.2026 во 05:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Ф.А.(18) затоа што физички ја нападнал неговата сестра.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни