Свет

Три лица загинаа во експлозија во станбена зграда во Истанбул

Три лица загинаа во експлозија во станбена зграда во Истанбул

Три лица загинаа во експлозија во станбена зграда во Истанбул, јавија турските медиуми.

Се сомнева дека причина за експлозијата во трикатницата во истанбулскиот кварт Кадикој е истекување на гас, но засега нема официјални информации.

Три лица загинаа, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, а едно повредено лице од узбекистанско потекло е пренесено во болница.

Мртвото дете е ќерка на ранетиот кој во експлозијата го загуби 68-годишниот татко. Третото лице кое почина не е идентификувано.

Експлозијата предизвика пожар, а пламенот брзо се прошири на уште две згради. На местото на настанот се испратени голем број пожарникари, полиција и медицински лица.

Пожарникарите успеаја да го стават под контрола пожарот кој избувна синоќа околу 19 часот.Екипите по петчасовен увид го завршија увидот на лице место и се очекува во текот на денешниот ден да се расветлат причините за експлозијата и пожарот, јави ТРТ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни