Сите три подтипови на варијантата Омикрон се регистрирани во Бугарија. Ова за бугарска Нова го изјави доц. Љубомира Николаева Гломб, раководител на Одделот за вирусологија. Според неа, новата верзија на вирусот доминантна во Бугарија за околу 80% во секвенционирани примероци до 20 јануари.
„Сега стапката на доминација е веројатно поголема. Загрижувачки е тоа што поради идејата дека Омикрон е поблаг, многу луѓе ја одложуваат својата вакцинација или засилената доза. Подтиповите на новата варијанта се многу позаразни, а бројот на тешки случаи може да биде ист како кај варијантата Делта“, објасни таа.
Според вирологот, добрата вест е што за прв пат по подолго време во Бугарија има повеќе излечени од новозаболените.
„Ова зборува за прекин на трендот на намалување на новозаразените, но треба да почекаме да се прекине трендот на хоспитализација. Повеќето од починатите не се вакцинирани“, рече таа.
Доц. Гломб предвидува дека нè очекува лесно лето во однос на пандемијата на Ковид, но појасни дека податоците поради оваа причина доаѓаат од земји со висок процент на вакцинирани.
Во меѓувреме, експертите известуваат за широк спектар на постКОВИД симптоми, вклучувајќи губење на косата, главоболки, проблеми со очите и многу повеќе.