Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Македонија

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

Три пожари низ Струмица, пожарникарите во акција!

Струмичката противпожарна единица утрово интервенираше на три различни локации.

Првиот пожар избил во 07:00 часот во викендичка на Суви Лаки, каде со заедничка акција на осум пожарникари од Струмица и Берово, огнот бил навреме локализиран.

Веднаш потоа, во 08:12 часот, екипите интервенирале на запалена куќа на улицата „Бетовенова“ во Струмица, а последната интервенција била во село Муртино, каде се запалил оџак.

Иако во трите случаи е предизвикана значителна материјална штета, брзата реакција на пожарникарите спречила посериозни последици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни