4NEWS.mk

Тринаесетгодишно девојче почина откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово

Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз него паднала статива во  Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни