Роже Федерер уште еднаш ја потврди својата добра форма откако избори финале на турнирот во Хале , Германија.
Швајцарецот во полуфиналето играше сигурно и го елиминира Французинот Пјер-Иго Ербер со 6-3, 6-3. Ова ќе биде 13-то финале за Федерер каде ќе се бори за десетата титула и тоа против Давид Гофан против кого фаворитот има само еден пораз во 8 пресметки.
Турнирот во Хале се игра за награден фонд од 2,2 милиони евра.
