Уапсен е човекот за кој се верува дека пукал во своите роднини во пловдивското село Рогош, јави градоначалничката Величка Величкова.
Според неа, состојбата во ромската населба каде е извршено тројното убиство е мирна.
Тројно убиство во пловдивското село Рогош ја крена полицијата среде ноќ. Жртвите се татко и неговите два сина, кои имаат прострелни рани.
Повредена е една жена.
Според првичните податоци, пукачот бил нивен роднина, а тројното убиство е извршено по скандал со наследство. Според очевидци на трагедијата, жртвите биле пукани со нелегална пушка.
Причина за спорот е кој да наследи куќа.
„Ги застрелал таму каде што спиеле. Тие веќе биле мртви, а ја наполнил пушката и продолжил да пука во нив“, велат очевидци.
„Пукачот е приведен. Полицијата продолжува со расчистување на случајот“, изјави Величка Величкова.
Според неа, во семејството имало тензија.
Обвинителството и Министерството за внатрешни работи одбиваат да го коментираат случајот.