Македонија

Цар Фердинад не доби зелено светло како прифатливо име за нов бугарски културен клуб

Цар Фердинад не доби зелено светло како прифатливо име за нов бугарски културен клуб

Советодавното тело на денешната седница не даде согласност за користење на името Цар Фердинанд во името на бугарскиот културен клуб во Богданци, потврдија за Телма од Mинистерството за правда.

По Ванчo Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, во Богданци бугарскиот културен клуб требаша да го носи името Цар Фердинанд по бугарскиот кнез и цар од 1887-ма до завршување на Првата светска во јна 1918.

Фердинанд бил владетел во чие време Македонија била поделена, а бил активен учесник и во Балканските во јни.

Советодавното тело беше формирано овој месец за да ги преиспитуваат контроверзните имиња на невладини здруженија и клубови. Денешната одлука е прва која што е донесена во Советот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни