Папата Франциск беше погребан денес, а бројни службеници и верници од целиот свет дојдоа да го испратат во неговото вечно почивалиште. Меѓу собраните беа Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, кои привлекоа големо внимание.
Меланија Трамп се обиде да се појави во „инкогнито“ облека за да не привлече внимание кон себе, но не успеа. Нејзиниот моден избор за погребот на папата Франциск навистина стана тема во медиумите, а сега акцентот „падна“ на нејзините чевли.
US President Donald J. Trump and First Lady Melania pray for a few moments in front of the coffin of Pope Francis in St. Peter’s Basilica, before the funeral this morning. pic.twitter.com/Yp1x5e7E9e
— Catholic Sat (@CatholicSat) April 26, 2025
Имено, Меланија Трамп се појави во екстремно високи потпетици, што не е толку чудно кога станува збор за оваа Словенка, но се поставува прашањето дали ова е според протоколот?
Католичката црква е позната по своите строги правила на протоколот, а облекувањето на погребот на нејзиниот поглавар не е исклучок.

Протоколот наведува дека, кога станува збор за мажи, од нив се очекува да бидат облечени во темно одело, бела кошула и темна вратоврска. Протоколот диктира дека чевлите, чорапите, палтата и чадорите исто така мора да бидат црни. Дозволено е да се носи црно копче на левата јака. Другите машки модни додатоци, како што се прстени, нараквици и часовници, мора да бидат незабележливи.
Кога станува збор за дами, тие се должни да носат црн фустан или костум. Доколку изберат фустан, тој мора да биде под колена. Се препорачуваат црни чевли со ниска потпетица со затворени прсти, црни проѕирни хулахопки и црни ракавици. Жените можат да носат и црн превез преку главата, но тоа не е задолжително.
Чантата мора да биде црна и мала, а како накит е дозволена само едноставна бисерна огрлица.
Земајќи го предвид споменатиот протокол, Меланија носеше чевли со малку повисока потпетица, поради што многумина се прашуваат дали го прекршила.
