Во Австрија цената на нафтените деривати веќе неколку недели постојано расте, па тие достигнуваат рекордни вредности.
Така, литар дизел со просечна цена од 1.477 евра достигна ниво кое досега не е забележано во Австрија, бидејќи ја надмина рекордната цена од 2012 година за 0,4 центи.
На супер му „недостигаат“ уште седум центи за да достигне рекордни 1.545 евра за литар.
Австрискиот автомобилски и мотоциклистички клуб OeAMTC проценува дека овој рекорд би можел да биде соборен оваа недела.
„Дополнителен данок на CO2 во износ од 30 евра за тон ќе ја зголеми цената на горивото од јули наваму“, посочува експертот на OeAMTC, Никола Јуник.
За големиот скок на цената на нафтените деривати е виновна рекордната цена на нафтата на светската берза. Така, на пример, Брент чини повеќе од 92 долари за барел, што е цената што последен пат беше забележана во 2014 година.
Од крајот на 2020 година до денес, бензините скокнале за повеќе од 39 отсто, а дизелот за дури 42 отсто.