Цените на нафтата растат

Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа за повеќе од четири проценти денес по падот на залихите на сурова нафта и бензин во САД.

Се вчитува...

Во Лондон цената на суровата нафта Брент порасна за 1,64 долари или 4,1 процент на 42,17 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 1,85 или 4,8 проценти и изнесува 40,13 долари за барел.

Залихите на сурова нафта во САД паднаа за 4,4 милиони барели на 496 милиони барели, што е најниско од април.

Аналитичарите најавија зголемување на залихите од 1,3 милиони барели нафта. Залихите на бензин паднаа за 400.000 барели, што е двојно повеќе од предвидувањата.

Ураганот „Сали“, кој го погоди американскиот брег во Мексиканскиот Залив како ураган од втора категорија, исто така влијаеше на растот на цената на нафтата, бидејќи повеќе од една четвртина од производството на платформите беа затворени поради невремето.

.

Извор: ТВ21