Трошоците за јадење и пиење во рестораните и кафулињата продолжуваат да растат. Најновите податоци на Државен завод за статистика покажуваат дека во февруари годинава угостителските услуги се поскапени за 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Според статистичките пресметки, трендот на раст на цените е видлив и на почетокот од годината. Во периодот јануари–февруари 2026 година, цените во угостителството се повисоки за 3,3 проценти во однос на истиот период од минатата година.
Овие податоци укажуваат дека граѓаните за истите услуги во рестораните, кафулињата и другите угостителски објекти плаќаат повеќе, што дополнително го оптоварува домашниот буџет.
