Свет

Центарот на Париз повторно во мрак

Центарот на Париз повторно во мрак

Центарот на Париз остана во мрак откако вчера вечерта беше прекинато напојувањето со електрична енергија во неколку централни метрополи, јавува ТВ Бефм Теве.

Компанијата Ер Те Е која стопанисува со електропреносната мрежа соопшти дека 125.000 домаќинства се погодени од прекинот на струјата. Од 23 часот почна да се обновува напојувањето во третиот, четвртиот и петтиот арондисман на Париз.

Од компанијата Енедис, која е дистрибутер во снабдувањето со електрична енергија, објаснуваат дека зафатени се 75 улици во прва и четврта област, а 34 улици во трета и петта област.

На социјалните мрежи многу Французи почнаа да споделуваат фотографии од темни париски улици и затемнети згради. Многу корисници на социјалните мрежи коментираат дека се чувствуваат чудно во темнината без интернет. Некои признаа дека првпат доживеале вакво нешто.

И надлежните и енергетските компании појаснија дека се работи за несреќен случај.

Тоа се случи набргу откако вчера беше објавено дека француските власти денеска планираат привремена и контролирана симулација на прекин на струја во еден регион на земјата. Франција очекува потешкотии во снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите во јануари, бидејќи многу француски нуклеарни централи се во фаза на поправка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни