Триесет лица ја загубија битката со коронавирусот во Македонија во последните извештај на министерството за здравство. Тоа е рекорден број од почетокот на епидемијата.
Староста на починатите лица се движи од 52 до 80 години.
Најмногу починати има од Скопје, шест, а по пет од градовите Куманово, Тетово и Кавадарци. Три лица од починатите се од Прилеп, двајца од Радовиш, и по еден од Битола, Штип, Гостивар и Кочани.
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата се искачи на 1186 лица.
.
