Црногорската полиција го уапси Епископот Амфилохије кој служел литургија за Цветници

Поглавар на Српската православна црква во Црна Гора ,митрополитот црногорско-приморски Амфилохије денеска бил приведен во Подгорица, а по тричасовен информативен разговорот во полициската станица е пуштен  на слобода.  Амфилохије бил приведен по црковната служна која ја држел во во подогоричката населба златица,а со него бикле уапсени и други свешетенци. 

Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед.

Законот од декември минатата година бара сите верски заедници кои делуваат во земјата да се регистрираат и да ја докажат сопственоста над имотот што го поседувале и пред 1918 година, кога Црна Гора била присоединета кон Кралството Србија.

Српската православна црква инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште.

Од друга страна, црногорските властите тврдат дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.

Извор: Сител телевизија