Денеска се избира нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
За прв пат изборот се спроведува според новиот закон за јавни обвинители, што значи дека главниот обвинител се бира според гласовите од колегите обвинители.
По тој повод денеска пред медиумите со изјава се јави претседателот на ИК 3 од Вишото обвинителство, Иван Цветановски кој посочи дека новиот главен обвинител би имал потешка одговорност бидејќи ќе одговара пред колегите.
Инаку, овинителите денеска гласаат за четворица кандидати – Вилма Рускоска, Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска.