Десет пожарникари загинаа, а 14 беа повредени во централната турска покраина Ескишехир додека се бореа да го локализираат шумскиот пожар, објави денес турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Џумакли.
Пожарникарите и спасувачките екипи се борат од раните утрински часови денес за да го локализираат пожарот во населбата Сејитгази во Ескишехир, објави Ројтерс.
„Дваесет и четири пожарникари беа заробени во пожарот кога ветерот одеднаш се промени и ги пренасочи пламените јазици кон нив“, изјави Џумакли за новинарите.
Турција: 10 пожарникари загинаа, 14 се повредени при гаснење шумски пожар