Турција не може да ја прифати одлуката на регионите ДПР, ЛПР, Запорожје и Керсон да се приклучат кон Руската Федерација, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.
„Турција не ја призна анексијата на Крим од Русија како резултат на нелегалниот референдум во 2014 година и секогаш ја нагласуваше својата цврста поддршка за територијалниот интегритет, независност и суверенитет на Украина.
Во согласност со оваа позиција усвоена во 2014 година, ја отфрламе одлуката на Русија за анексија на регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Украина. Оваа одлука, која е грубо кршење на воспоставените принципи на меѓународното право, не може да се прифати. Ја повторуваме нашата поддршка за крај на оваа војна, чија тежина продолжува да се зголемува, заснована на праведен мир постигнат преку преговори“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.