ТВ21 со Биг Мама во СОС детското село, подароци за децата

Подароци, музика и прослава во СОС Детско село. Биг Мама заедно со донаторите подели подароци и љубов за децата згрижени во овој центар. Освен подароците, беа донирани и други средства. Биг Мама вети дека до крајот на годината ќе ги посети и Домот за стари лица и бездомниците.

„Помислив да направам нешто поинаку за Нова година. Научени сме секогаш да излегуваме на телевизија да пееме и да организираме музички програми. Но, овој пат помислив оваа Нова година да ја направам различна од другите, да ја прославам низ овие домови кои имаат најголема потреба за љубов и подароци. Сакав да ги израдувам дечињата“, вели Бесијана Касами – активистка.

Се вчитува...

Менаџерката на програмата за социјална превенција, Јулијана Шумкоска, им се заблагодари на сите донатори кои го поддржаа проектот и ги израдуваа дечињата со разни подароци.

Активистката Бесијана Касами, позната како Биг Мама, од детското село отпатува во Косово, каде ќе подели разна помош во Домот за стари лица, а помош е обезбедена и за бездомниците во Скопје. Телевизијата 21 им се заблагодарува на сите донатори, компаниите, Фибула Косово, Витаминка, Алкалоид, Месарницата „Џезо“ и другите  кои подготвија подароци за луѓето кои имаат потреба. Од СОС Детското село, на Биг Мама и ТВ21 им подарија благодарница за симболичниот придонес.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21