Свет

Уапсен претседателот на фудбалскиот сојуз на Украина неколку часа пред мечот со Македонија во Скопје

Уапсен претседателот на фудбалскиот сојуз на Украина неколку часа пред мечот со Македонија во Скопје

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андриј Павелко е уапсен денеска на неколку часа пред квалификацискиот натпревар на фудбалската репрезентација со Македонија во Скопје, поради финансиски малверзации.

Како што пренесуваат украинските медиуми првиот човек на украинскиот фудбал, против Павелко е покренато обвинение за проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта, поради што од денеска е во притвор.

Тој добил притвор од 60 дена без можност да излезе со кауција. Сместен е во истражниот затвор во Украина. Обвинет е и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Украина, Јуриј Записоцки.

Македонија и Украина во второто коло од квалификациите за ЕП 2024 вечерва од 20:45 часот играат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни