На улицата „Новопроектирана“ на подрачје на скопската општина Ѓорче Петров, полицајци го лишиле од слобода Б.Д. (39) од село Кондово, Скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени пиштол калибар 7,62, со рамка за муниција и револвер „екол вајпер 4.5“ и три патрони.
Се вчитува...
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
