Вчера во 11,20 часот во СВР-Охрид од страна на полициски службеници бил лишен од слобода К.Б.(37) од Р.Србија поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело “разбојничка кражба“ на 28 минатиот месец во маркет на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Се вчитува...
Уапсениот тој ден околу 16,20 часот се обидело да изврши разбојничка кражба односно да одземе одредени производи, но било спречено од вработените, при што една од вработените се здобила со повреда.
Српскиот државјанин е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
