СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишниот Н.Ј. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 27.11.2019 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот со пиштол упатувал закани кон 34-годишната А.Ј. од Тетово, со која бил во бракоразводна постапка.