4NEWS.mk

Уапсен тетовец – полицијата кај него пронајде кокаин

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на 13.08.2019 околу 1 часот и 45 минути, во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни