Македонија

Уапсени 10 лица низ Македонија, еве што пронајде полицијата кај нив

Уапсени 10 лица низ Македонија, еве што пронајде полицијата кај нив

На 16.10.2026 во 14:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(53) од Велес.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и телефон.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На ден 16.10.2026 во Полициското одделение Групчин е пријавено семејно насилство, загрозување на сигурност и телесна повреда од страна на М.Д. (45) од тетовско село.

По добиена наредба од Основен суд Тетово, во времето од 21:30 до 22:30 часот извршен е претрес во домот на пријавениот, при што на скалите од влезната врата се пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои се одземени.

Исто така, сопругата на пријавениот истиот ден во 19:30 часот во СВР Тетово пријавила кривично дело телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од нејзиниот сопруг М.Д. По преземени мерки, М.Д. е лишен од слобода и задржан во СВР Тетово, а извештај е доставен до Основното јавно обвинителство Тетово со правна квалификација за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 од Кривичниот законик.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Лишени од слобода две лица во Кочани, при претрес пронајдена дрога, следува пријава

На 16.10.2026 во 09:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(28) и неговата сопруга А.Џ.(31) од Кочани. Претходно, полициските службеници со наредба од суд извршиле претрес во домот на А.М. при што е пронајдено и одземено пакување кафеава прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Претрес во Струга, лишено од слобода едно лице, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 11:30 часот полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Д.З.(41) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдоа и одзедоа стаклен сад со опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лишен од слобода охриѓанец, при претрес пронајдено оружје, следува пријава

На 16.10.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија З.Ј.(48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри и куршуми и една пушка калибар 4,51 милиметри кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Претрес во Македонски Брод, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 16.10.2026 во 17:05 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В.(22) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, истиот со Наредба од основен суд Кичево пронајдена и одземена била грутчеста материја, марихуана, шише со течна материја и хартија за тутун. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни