Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Свет

Уапсени четворица Албанци во Италија, се обиделе да шверцуваат тон кокаин во долниот дел од брод

Уапсени четворица Албанци во Италија, се обиделе да шверцуваат тон кокаин во долниот дел од брод

Италијанската полиција во пристаништето Савана запленила еден тон кокаин сокриен на дното на брод.

Дрогата ја пронашле нуркачи од поморскиот оперативен оддел на Савона.

-Запленети се 741 пакетчиња кокаин, спакувани во 26 целофански обвивки, вешто скриени во делот кај моторите на бродот, со вкупна тежина од околу еден тон. Уапсени се четворица албански државјани, јавија албанските медиуми.

Италијанските власти акцијата ја почнале на втори месецов а дрогата пристигнала со трговски брод под знамето на Хонг Конг кој тргнал од пристаништето Сантос во Бразил на 30 декември.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни