Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на возило

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на возило

На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 07.06.2026 околу 00:45 часот на улица „Јадранска магистрала“ одзеле патничко возило „фолскваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Б.(24) од с.Арачиново, скопско.

Тие се спроведени во Полициската станица Чаир и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни