Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Уапсени осум возачи кои возеле без возачка дозвола, еден од нив удрил во тригодишно дете

Уапсени осум возачи кои возеле без возачка дозвола, еден од нив удрил во тригодишно дете

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(55) од с.Сарај, скопско, М.С.(29) од с.Петровец, скопско, И.М.(51) од с.Ранковце, Е.Е.(19) од с. Десово, прилепско и 17-годишник од с.Бузалково, велешко, кој со мотоциклот кој го управувал удрил во тригодишно дете.

Две лица управувале возило со активна забрана за управување на Б категорија и тоа:  Д.Б.(37) од Куманово и Б.С.(54) од Богданци, кој покрај забраната, го управувал возилото и под дејство на алкохол. Од слобода бил лишен и Ј.А. (56) од с.Дулица, општина Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни