Македонија

Убава вест од гинекологија Чаир: Оксана од Украина донесе на свет девојче

Убава вест од гинекологија Чаир: Оксана од Украина донесе на свет девојче

Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил сподели фотографии од Оксана, Украинка која на свет донесе здраво девојче токму на гинекологија Чаир.

„Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.И посакав добро здравје и многу среќни моменти“, напиша Беким Сали.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни