Мигрант пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија. Според првичните информации се работи за државјанин на Aвганистан на возраст од 24 години.
Причината за смртта за сега не е позната, но од извршениот преглед е констатирано дека починатото лице има убодна рана со остар предмет.
За време на увидот кај него се пронајдени и лични документи.
Од гевгелиското обвинителство не соопштуваат многу детали, само информираа дека работат на расчистување на случајот.
Телото веќе било предадено на обдукција а вршеле и интензивни разговори со лицата кои биле во групата заедно со починатото лице. Дополнително ќе се утврдува и валидноста на пронајдените документи за да се утврди дали идентитетот е вистински или пак се работи за фалсификати со кои мигрантите многу често патуваат.
Извор: Сител