4NEWS.mk

Убиен тинејџер во трговски центар во САД

Еден тинејџер е убиен во пукање во трговски центар во приградска област Денвер, соопшти американската полиција.

Портпаролот на полицијата во Аурора, Ентони Камачо, изјави дека во тек е потрага по еден осомничен, но не да прецизира дали има сознанија колку лица биле вклучени во пукањето.

– Не веруваме дека постои закана за пошироката јавност, рече Камачо, но не кажа повеќе детали.

Полицајците кои патролирале во трговскиот центар реагирале на пријава за пукање и го пронашле 17-годишпното момче повредено, кое потоа било однесено во болница каде што починало. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни