Балкан

Убиецот од Младеновац го „прескокнал“ овој човек! Се бореле, а потоа одекнало пукање!

Убиецот од Младеновац го „прескокнал“ овој човек! Се бореле, а потоа одекнало пукање!

Убиецот од Младеновац по расправија со полицаец тргнал во крваво дивеење во кое убил осум, а ранил 14 лица.

У.Б.(21) ја започнал својата крвава треска со убиство на припадник на полицијата и неговата сестра, а завршил со убиство на осум и рани четиринаесет лица, од кои седум биле опасни по живот.

Убиецот од Младеновац се скарал со полицаец од Дубона, по што отишол дома да го земе „калашниковот“ со кој извршил масовни убиства. Убил полицаец и неговата сестра, а потоа локален жител излегол од локална продавница и се обидел да го разоружа. Се степале за пушката, но У.Б. бил посилен и во еден момент го извадил пиштолот. Но, тој не пукал во жителот кој му се спротивставил, туку испукал неколку куршуми во воздух и си заминал.

Потерата по него траела цела ноќ, а утрово околу 8 часот бил уапсен во околината на Крагуевац. Во потера беа вклучени околу 600 припадници на полицијата, вклучително и специјални единици, со задача да го фатат напаѓачот или да го елиминираат како терористичка закана.

Осомничениот за масакрот во Младеновац во текот на денот бил донесен во полициската станица во Смедерево, облечен во бел комбинезон. Според првичните информации, тој по апсењето, наводно, повторил само еден збор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни