Список на ученици со кои ученикот наводно имал проблеми денеска е пронајден и предаден во полиција.
Се работи за ученик од прва година во средно училиште во Приједор, јавија бањалучките медиуми.
Еден од наставниците го пронашол списокот и веднаш повикал полиција. Момчето и неговиот татко биле однесени на распит.
Порталот Српскаинфо објави дека бил вклучен и Центарот за социјална работа во Приједор, но полицијата се уште не реагирала.
„Поради трагедијата во Белград сите веднаш реагираа“, наведуваат медиумите во Бања Лука.