Поврзи се

4NEWS.mk

Ученици поддржани од ФИТР изработија еко-проекти за чиста вода, воздух и почва

Published

on

Еколошки филтер со зеолит за прочистување на водата, воздухот и почвата, систем за детекција на гасови во воздух во работни простории, пречистителна станица за отпадни води која може да се користи за наводнување особено во земјоделието се само дел од еко-проектите на кои работат ученици од повеќе основни и средни училишта, наградени на „Предизвик за млади истражувачи“ од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

-Текстот продолжува по рекламата-

Како што соопшти ФИТР, меѓу шесте еко проекти претставени на мини-саем во Битола е и еколошкиот филтер за намалување на штетното влијание на јаглерод диоксид изработен од учениците од „Димитар Влахов“ од Струмица.

– Изработивме еколошки филтер направен од зеолит, минерал кој помага да ги прочистиме водата, воздухот и почвата. Најпрвин изработивме прототип, а потоа и филтер кој го поставивме на ауспухот од автомобил. Мерењата покажаа дека количеството јаглероден диоксид се намали за 30 проценти, вели ученичката Бранкица Митова.

Ученици од основното училиште „Манчук Матак“ од Кривогаштани изработиле пречистителна станица за отпадните води, која потоа може да се искористи за наводнување и е особено применлива во земјоделието.

– Со нашиот проект со природни ресурси до еколошки здрава животна средина изработивме прототип на пречистителна станица за отпадни води. Отпадната вода минува низ ротатор што ја води низ различни комори на пречистителната станица и потоа се добива употреблива вода за наводнување која преку хидросистем се доставува до земјоделците. Овој проект е пред се наменет за земјоделците кои особено во летните периоди се соочуваат со недостиг на вода за наводнување. Нашиот план е ова решение да им го понудиме и на општините, посебно во реоните каде што земјоделството е примарна дејност, вели ученикот Христијан Боцовски.

Учениците од приватното училиште „САБА“ креирале систем за детекција, анализа и следење на присуството на штетните гасови во воздухот во работни простории, нивните врсници од средното скопско учичлише „Раде Јовчевски Корчагин“ со нивниот проект „Грин Аир“ засадиле специјални растенија во училниците како природни прочистувачи на воздухот, додека учениците од ООУ „Стив Наумов“ работат на проверка на квалитетот на воздухот во училниците со поставување на сензори-мерачи со кои се мери влажноста, температурата и присуството на јаглерод диоксид во воздухот. Средното училиште „Јосип Броз Тито“ Битола, пак, ја идентификува концентрацијата на тешки метали во почвата во регионот на Битола и нивната географска распространетост, особено кај РЕК Битола.

Од ФИТР информираат дека во програмата наменета за млади истражувачи која втора година по ред ја спроведува Фондот, до сега се наградени 54 училишта кои работат на проекти во кој се вклучени над 500 ученици.

– Целта на оваа програма е да се поттикне критичкото и креативно размислување кај младите и да се охрабрат да останат тука и да развијат свој бизнис. Покрај „Предизвик за млади истражувачи“, дополнително развиваме уште две програми со Американската агенција за меѓународен развој-УСАИД и со УНИЦЕФ, чија цел е да се креираат ученички компании со кои потоа ќе може на ваквите проекти да им се додаде и комерцијална вредност. Oтвораме нови можности за младите и оваа поддршка ќе продолжи, бидејќи државата ги поддржува младите да се охрабрат да развијат свој бизнис и да останат тука, истакна Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска најавила дека и во иднина ќе поддржуваат вакви настани и училишни програми.

– Овој саем е од особено значење затоа што преку овие проекти се излегува од теоријата на хартија и им овозможува на младите луѓе низ реални експерименти и низ реални истражувачки методи, она што го научиле во теоријата да го применат во пракса. Ова отвора широки врати за младиот ум, за жуборот на творечкиот дух, но и на иновативноста и навистина во оваа насока треба и да продолжиме. Особено ме радува што младите луѓе се заинтересирани за ваквиот вид на истражување, но и наставниот кадар кој дава сериозна поддршка во ваквите програми, рече Петровска.

На последните два повика за млади истражувачи се пријавиле по 100 училшта. Деспотовски најави дека поради сѐ поголемиот интерес, на почетокот од второто полугодие ќе биде објавен и третиот повик „Предизвик за млади истражувачи“, се наведува во соопштението.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

Уште 20 дена до учебната година – сѐ уште нема одлука како ќе се одвива наставата

4NEWS.mk

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

4NEWS.mk

Бела куќа: САД загрижени од ситуацијата во Белорусија

Македонија

4 милиони евра загуба за 6 месеци – рент-а-кар бизнисот бара помош од државата

4NEWS.mk

Зошто се уште нема одлука за новата школска година и кој ќе ја преземе одговорноста?

Македонија

Локалите узурпираат јавни површини во Кичево – пазарниот инспекторат и ја префрла вината на полицијата

4NEWS.mk

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа, Москва враќа со иста мера

Македонија

Заев: Не можеме да кажеме дека имаме договор, разговорите продолжуваат

4NEWS.mk

Средба Заев – Ахмети за формирање парламентарно мнозинство и Влада – договор се уште нема

Македонија

109 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11942, оздравени 422 пациенти – починатo e 1 лицe

Македонија

„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

4NEWS.mk

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ

Македонија

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

Македонија

Учебната година ќе почне на 1-ви септември – Адеми: Владата сака учениците да се вратат во училиште

4NEWS.mk

25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

4NEWS.mk

Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар

Македонија

Османи за ТВ21 по состанокот Ахмети – Заев: Официјално се разговара за заедничка коалиција

Македонија

СДСМ вели дека има мнозинство, но со кого?! – Али Ахмети не отстапува од барањето за премиер Албанец

4NEWS.mk

МВР: Пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен

4NEWS.mk

ДПА влегува во коалиција со СДСМ

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“