Македонија

Ученици во Гостивар со војнички поздрав за Турција – „Немам надлежности“, вели Таравари

Стотици ученици од Основното училиште во Гостивар „Мустафа Кемал Ататурк“,пред два дена во придружба на наставниците и директорот, од пред училиштето испратија војнички поздрав како поддршка за Турција за воената интервенција во Сирија. На фотографијата која беше објавена на фејсбук страницата на училиштето, пишува дека директорот заедно со наставниците и учениците, под турското знаме, испраќаат поддршка за турската прекугранична офанзива. Првиот човек на Гостивар, Арбен Таравари, рече дека ова е чин кој не смее да се толерира. Додава дека како општина веднаш реагирале, но дека како градоначалник не може да преземе никакви мерки бидејќи нема надлежности во делот на назначување и разрешување на директори во училишта.

Реакција и од Министерството за образование и наука. Од таму остро ги осудија ваквите активности организирани во образовните установи, особено во кои се вклучени ученици.

Од МОН додаваат дека ваквата постапка е целосно неприфатлива и дека Државниот просветен инспекторат ќе постапи соодветно и ќе донесе одлука согласно утврдените околности при извршениот надзор. Не изостана ниту реакцијата на Хелсиншкиот комитет, од каде остро го осудија злоупотребувањето на учениците за политички цели. По бројните реакции во јавноста, сликата од фејсбук страницата на училиштето беше избришана.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни