Учениците на Средното економското и правно училиште „Арсени Јовков“, се жалаат дека се уште немаат учебници. Дури неколку ученици од трета година велат дека од прва година се соочуваат со недостиг и дека често пати земаат наставни материјали од интернет.
За недостигот на учебниците се жалаат и професорите. Велат дека без учебници многу тешко се одвива наставата.
Одговорното лице за паралелките на албански јазик, Назми Рахмани, рече дека секоја година до МОН доставуваат барање за учебници и дека тие учебници кои ги имаат не се доволни за сите ученици.
ТВ21 повара одговор и од МОН за овој случај, но од таму до сега не добивме одговор. Пред неколку дена, Министерот Арбр Адеми, рече дека Јавната Набавка и електронската аукција завршиле и дека наскоро ќе се потпише одлуката за избор на најповолната понуда и дека учебниците кои не се отпечатени последните 4-5 години, ќе се отпечатат и ќе се достават до училиштата.