Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19.
Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битриќи, секоја мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните.
Независната угостителска комора, пак, чека покана за средба со Владата на која и дава рок до 25 јануари да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија.
Откако Владата вчера објави дека ја донела со првата мерка од петтиот антикризен пакет од НУК соопштија дека им подарила на „локомотивите“ – членки на Стопанската комора на Македонија 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа.