УХМР: Не очекува заладување, еве од кога

Времето утре ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степена, а дневната од 23 до 28 степена, соопшти УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 26 степена.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината.

Времето во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 25 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушта постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.

Минималните температури ќе се движат од три до 13, а максималните од 18 до 27 степени целзиусови.