ИАКО сè уште не се објавени сите песни кои ќе учествуваат на овогодинешниот Евросонг, обложувањето на победникот трае долго. Украина има најголеми шанси за победа на овогодинешната Евровизија, а обложувалниците и даваат 25% шанси за победа. Втора на букмејкерите е Италија со 17% шанси, а трета, иако сеуште не е познат изведувачот или песната, Шведска со 6% шанси.
Русија беше исфрлена од овогодинешниот избор за песна на Евровизија. По почетокот на инвазијата на Украина, организаторите изјавија дека поради актуелните случувања во светот, рускиот претставник нема да смее да настапи на евровизиската сцена.
„Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објавува дека ниту еден руски изведувач нема да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. Извршниот одбор на ЕБУ донесе одлука врз основа на правилата за настани и вредности на ЕБУ“, се вели во соопштението.
„Препораката на Референтната група беше поддржана и од Телевизискиот комитет на ЕБУ. Одлуката ја одразува загриженоста дека, во светло на кризата во Украина, учеството на Русија би го омаловажило натпреварот“, велат организаторите на најпознатиот музички натпревар во светот.
