Свет

Украина: Турција не ни испраќа касетни бомби

Украина: Турција не ни испраќа касетни бомби

Украинскиот амбасадор во Анкара Васил Боднар ги отфрли тврдењата дека Турција испраќа касетни бомби во Украина, нарекувајќи ги неосновани гласини и пропаганда, објави Дејли Сабах.

Запрашан за написот „Турција и испраќа на Украина касетни бомби од Студената војна“ во американското списание „Форин полиси“, Боднар изјави за агенцијата Анадолу дека меѓународното право забранува касетни бомби и муниција и дека Киев ги следи меѓународните правила во војната со Русија.

Истакнувајќи дека написот не цитира никакви официјални извори, туку се потпира на „некои гласини“, Боднар го опиша тврдењето како дел од „руската пропагандна машина“ против Турција и Украина.

„Целосно демантирам, тоа не е вистина“, рече тој.

„Информациите беа специјално конструирани како оружје за психолошко информациско војување само за да се поткопаат односите меѓу Украина и Турција и да се обидат да создадат лажна слика за Украина и Турција“, рече Боднар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни