Свет

Украина уништи руски вооружен брод во Црното Море

Украина уништи руски вооружен брод во Црното Море

Украинските сили успеаја да го уништат рускиот поморски шлепер Васили Бех, натоварен со нова серија оружје, во северозападниот дел на Црното Море. Ова го соопшти британското Министерство за одбрана.

„Уништувањето на рускиот брод за време на мисија за снабдување ги покажува тешкотиите со кои се соочува Русија во обидот да ги поддржи своите сили кои го окупираат островот Змија“, соопшти Министерството.

Според извештајот на британското разузнавање, крајбрежната одбрана на Украина успеала да ја неутрализира „способноста на Русија да воспостави поморска контрола“.

Министерството забележува дека ова е прв успешен обид на украинските сили да користат противбродски ракети „Харпун“ донирани од Западот против руските поморски сили.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни