Белорусија собира сили долж границата со Украина, јави ДПА, повикувајќи се на информации од Киев.
„Белоруските вооружени сили вршат интензивно извидување и распоредија дополнителни сили во пограничната област“, се вели во дневниот резиме на украинскиот Генералштаб. Според извештајот, останува заканата од ракетни и воздушни напади врз Украина од белоруска територија.
Белорусија во моментов не учествува во борбите во Украина со своите војници. Белорускиот лидер Александар Лукашенко не се вклучи во конфликтот со неговите војници, но на руските војници им беше дозволено да ја користат белоруската територија како отскочна даска за нападот.
Поради оваа причина, Киев не го прифаќа Минск како неутрален и се плаши од можно мешање на белоруските трупи во воената акција на Русија.
